Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

КА 1 Erasmus+ проект ,,Да изградиме демократска и инклузивна училишна клима”

Ојавено Пет, 17/11/2023 - 9:16AM

Во рамки на меѓународниот КА 1 Erasmus+ проект ,,Да изградиме демократска и инклузивна училишна клима”, претставници од нашето училиште започнаа со реализација на петдневна обука за Спречување на насилството во училиште во Рим, Италија. Првиот ден беше посветен на важноста на компетенциите на наставникот за потребите на ученикот.

На вториот и третиот ден од обуката за „Спречување на насилството во училиште“, наставниците имаа можност да се запознаат со елементите и видовите на врсничко насилство. Посебен акцент беше ставен на кибернасилството, неговите форми и стратегии за кибер безбедност.

На четвртиот ден од обуката „Спречување на врсничкото  насилство“, акцент се стави на последиците кои се јавуваат кај жртвите на врсничко насилство и како да се пристапи кон насилникот.

На крајот, по успешно завршената обука наставниците се здобија со Сертификат.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen