Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Посета на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ 2020

Ојавено Чет, 13/02/2020 - 7:08AM

Најредовните читатели на списанието „Развигор“ - петтите одделенија, во соработка со библиотекарската секција, заедно со своите одделенски раководители и училишниот библиотекар, на 13.02.2020 ја посетија Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје. Посетата беше во соработка со тим од издавачката куќа „Просветно дело“.
Писателите Вера Андон, Ванчо Полазаревски, Ксенија Маказлиева и илустраторката Сузана Томовска одржаа книжевно-креативна работилница, во која учениците ги изразија своите емоции и љубов кон книгата.
Учениците се запознаа со дејноста на библиотеката и со интерес поставија прашања поврзани со читањето и нејзиното значење во културниот живот на читателите. Учениците воедно се претставија и со изведба на поемата „Т'га за југ“, како и други поеми и лични творби.
Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen