|
Денес во фискултурната сала при ООУ „Кирил и Методиј“, Стајковци, наставниците по физичко и здравствено образование Дарко Костовски и Филип Мојсовски, заедно со Борче Јовановски претставник - тренер на скијачката федерација на Македонија, направија кратка презентација на Нордиското скијање со цел популаризација и доближување на овој спорт до младите генерации и нивно активно вклучување во клубовите. Скијачката федерација упатува благодарност на соработката со колегите по физичко и здравствено образование и директорката на училиштето на досегашната соработка. Задоволството од соработка е поголемо знаејќи дека досега две ученички од училиштето ја имаа честа да ја претставуваат Македонија на ЗОИ. |



