Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Проект YES: Мобилност во Полска 2019

Ојавено Саб, 25/05/2019 - 8:48AM

Во периодот од 19-25.05.2019 година се реализираше втората по ред мобилност од проектот YES (Young Entrepreneurs at School) во рамки на програмата Еразмус+ во Олштун, Полска.

Училиштето Szkola Podstawowa nr 6 w Olsztynie беше прекрасен домаќин и организираше голем број активности: посета на Градското собрание, стариот град, научниот центар Коперник и кралскиот замок во Варшава, прошетка и предавање во студентскиот град Кортово, Европскиот центар, спортски и креативни игри, работилници, приредба, дегустации на полски специјалитети подготвени од родителите итн.

Наставниците Елена Блажевска, Габриела Јорданов и ученици од предметна настава го претставија нашето училиште на оваа средба.

Огромна благодарност до координаторот од Полска, г-ѓа Hanna Kurdzieko, директорката, наставниците, родителите и учениците вклучени во овој проект.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen