Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Работилница „Арт-музико терапија“ 2018

Ојавено Пет, 28/09/2018 - 8:10AM

На 28.09.2018 година, дел од наставниците од нашето училиште присуствуваа на едукативна работилница во организација на Младинскиот културен центар, насловена: 

„Процес на инклузија на деца со посебни потреби во редовната училишна програма со употреба на арт-музико терапија“. 

Целта на оваа работилница беше наставниците, преку употреба на музика, сликање, танцување и слични активности, да делуваат на мултисензорното активирање кај децата со посебни образовни потреби, за тие да можат полесно и поефективно да ја следат наставата, заедно со своите соученици.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen