Дел од вработените во централното и подрачното училиште, заедно со одговорниот наставник за соработка со Црвен крст Маја Цекова, проследија обука за Прва помош во објектот "Даре Џамбаз". На обуката беа изведени и практични вежби предводени од стручни лица во оваа област.