| На третиот ден од виртуелната средба во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, учениците изработуваа дигитален постер на тема „Ефекти од загадувањето“ на кои ги прикажаа причините и последиците од загадувањето на воздухот и штетните ефекти врз здравјето на луѓето со примена на програмата PowerPoint и дигиталната алатка Genially. Наставниците проследија едукативно предавање на тема „Фабриката на Дуомо“, организација која е активно вклучена во оддржување, зачувување и реставрација на катедралата во Милано. |















