| На 16.04.2020 година, по повод празникот Велигден, се одржа тематско литературно читање за учениците од трето одделение со писателката Ксенија Маказлиева, под менторство на одделенските раководители Елена Антонова, Милена Љубовски и библиотекарот Вера Стојаноска.
Литературната средба се оствари online со користење на платформата Zoom. На литературното читање, писателката ги анимираше учениците со читање раскази, поезија и претставување драмски игри. Децата се претставија со свои лични творби. Писателката воедно прикажа презентација за детското списание ,,Другарче" од првиот број до денес. |



